Ден на Реката Дрим, годинава се реализира на тема: „ Новата нормалност во заштитата на биодиверзитетот во Дримскиот Басен“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
den-drim

На 26.07.2020 година со посебни мерки и здравствени протоколи, на брод беше одржан главниот настан на овогодишното одбележување на Денот на реката Дрим. Овој настан е дел од одбележувањето на Денот на Дрим во четирите земји кои го делат басенот.

— реклама —

Како предходница на овој главен настан во рамките на одбележувањето на Денот на Дрим 2020 на македонска страна беа извршени теренски посети на реките, притоки на Дрим и Охридско Езеро и беа изработени видео материјали за некои од нив.

Темата на годинашново одбележување гласеше  „ Новата нормалност во заштитата на биодиверзитетот во Дримскиот Басен“. Реализатори на настанот беа Центарот за одржлив развој од Дебар во партнерство со Регионалниот зелен центар од Охрид.

— реклама —

Главниот настан го отвори координаторот на Дримскиот Проект Дејан Пановски во име на Глобалното Партнерство за води – Медитеран , организација која финансиски го поддржува одбележувањето на денот на Дрим како активност во рамките на Дримскиот Проект.

„Седма година по ред преку „Денот на Дрим“ целта ни е сензибилизација на јавноста за прашањата на управувањето и заштитата на заедничкиот Дримски Басен. Експертите го изготвија Стратешкиот Акционен План за Дримскиот басен, а политичките претставници на државите го одобрија. И тоа е основниот документ кој содржи мерки за управување и нуди решенија. Тие решенија треба да се следени со јасни политички одлуки во интерес на заедничкото управување со Дримскиот басен кој содржи силен, не само еколошки туку и економски и енергетски аспект“.

Пред присутните обраќање имаше Шуип Марку од Центарот за одржлив развој од Дебар како носител на проектот.

„Нашата цел е да работиме заеднички и да го заштитиме Дримскиот Басен, но за тоа е потребно активно да се вклучат и надлежните државни институции и заедно да пристапиме кон проблемите со кои се соочуваме. Воедно, сакам да се заблагодарам што оваа година довербата ни беше дадена нам да го реализираме овој проект и сигурен сум дека успеавме да ја подигнеме свеста кај локалното население, тргнувајќи од најмладите од основните училишта.“

Предавање на настанот одржа проф. д-р Сузана Патчева на тема „Заштита на биодиверзитетот по текот на реките од сливното подрачје на реката Црн Дрим“.

„Заштитата на разновидноста на животинскиот и растителниот свет и одржувањето на  квалитетот на водата  на реките, притоки на Охридското Езеро и реката Црн Дрим се од огромно значење, како на национално така и на локално ниво бидејќи локалното население на тој начин обезбедува здрава животна средина, а истовремено има значајни директни и индиректни придобивки од истото.“

Овогодинешниот проект беше насочен и кон најмладите, односно учениците од ОУ Ванчо Николески с. Лескоец и учениците од ОУ Дебрца. За подобра едукација, од страна на истражувачкиот тим беа изработени три едукативни видеа за Белчишкото блато, за реката Црни Дрим и изворите на Реката Црн Дрим кај Свети Наум :

Беше организирано предавање по електронски пат од страна на проф. д-р Сузана Патчева, а на крај им беше испратен и прашалник со кој утврдивме дека сите учесници на едукативното електронско предавање се здобија со поголемо знаење, односно го сфатија значењето на Дримскиот басен за целиот регион, како и заштитата на биодиверзитетот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања