Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Денес е Благовец: Eве што треба да направите на овој ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Hvataj

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар.

— реклама —

Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и слично, и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи.

Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.

— реклама —

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, но некои го сметаат и за празник Господов.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Оние кои сакаат да имаат деца да појдат во црквите и манастирите, на иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања