Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Денес е Митровденска задушница – ден за помен и молитва за починатите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 58 минути -

Македонија
media-librarykqamavq2g8b3aaMztMS
unsplash

Православните христијани денес ќе ја одбележат Митровденската задушница, ден посветен на молитва и помен за душите на починатите.

— реклама —

Задушниците се одбележуваат четири пати годишно, секогаш во сабота, кога верниците се молат за упокоените, посетуваат цркви и гробишта и оддаваат почит на своите блиски.

На овој ден во храмовите се служат литургија и парастос, а на гробиштата се принесуваат пченица и лепче, кои се осветуваат со црвено вино. Верниците, исто така, даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на починатите.

— реклама —

Митровденската задушница се одбележува во саботата пред празникот Свети Димитриј, кој се празнува на 8 ноември.

— реклама —

Според црковното предание, оваа традиција потекнува од XIV век и првично била поврзана со поменот на православните војници загинати во битката на Куликовското поле во 1380 година.

По победата над војската на Мамај, рускиот кнез Димитриј Донски ја посетил обителта на Живоначалната Троица, каде што бил извршен помен за загинатите монаси Александар Пересвјат и Ослабја. Тој предложил поменот да се одржува секоја година во саботата пред празникот на свети Димитриј.

— реклама —

Со текот на времето, оваа задушница станала ден за помен не само на загинатите војници, туку и на сите починати православни христијани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница

Скопје | пред 8 месеци

— реклама —
media-library57ko4iji91rrbFJmH47

Неверојатен инцидент на Задушница на гробишта во Ѓорче Петров: човек со мантија глумел поп на гробишта

Скопје | пред 1 година

media-library2ki2k3thkj8bdKwrubD

Поради Задушница, денес и во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

Скопје | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Зголемен број автобуси од и кон Гробишта Бутел за време на верскиот празник Задушница

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања