Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Виадукт трејд ДООЕЛ известува дека на ден 22.02.2019-петок и 23.02.2019-сабота ќе се изведуваат градежни работи при поставување на индуктивни јамки за броење на возила на Автопат А1, делница Велес-Градско за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони