Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Денес ја славиме Светата маченичка Параскева: девојката која храбро ја исповедала христијанската вера

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 34 минути -

Македонија
media-libraryvla10go6btft2uL1Xz1

Светата маченичка Параскева била родена во градот Иконија, во семејство на богати и побожни родители. По нивната смрт, уште како млада девојка, почнала да го раздава наследениот имот на сиромашните и болните, во името на Господ Исус Христос.

— реклама —

За време на гонењето на христијаните во времето на царот Диоклецијан, Параскева била изведена пред кнезот на областа. Кога тој ја прашал за нејзиното име, таа одговорила дека се вика христијанка.

— реклама —

Кнезот ја укорил затоа што не го кажала своето световно име, на што таа му одговорила: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“.

— реклама —

По мачењето, била фрлена во затвор, каде што, според преданието, ѝ се јавил ангел Господов, ги исцелил нејзините рани и ѝ дал утеха. Со молитва ги урнала идолите во незнабожечкиот храм.

— реклама —

По долгите и сурови мачења, светата Параскева била погубена со меч.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања