Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Денес ќе се покаже дека ДУИ и СДСМ немаат поддршката ниту во Собранието, вели Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Antonijo-Miloshoski-15.05.2023

Бидејќи се претставници на народот, денес пратениците ќе имаат шанса да гласаат според волјата на народот, кој во огромно мнозинство е против наметнатите измени на Уставот, лековерно прифатени од Ковачевски, Бујар Османи и Маричиќ. За оваа превземена обврска од ДУИ и СДСМ за која немаат поддршката од граѓаните, денес ќе се покаже дека немаат поддршката ниту во Собранието, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Во меѓувреме, од истите нив цел ден ќе ги слушате фразите за ЕУ, стратешки партнери, за Русија, за интеграција, за изолација. Ваквиот поларизирачки речник единствено има за цел да не се збори за високата корупција, за понижените пензионери, за злоупотребата на европското знаменце, за жртвите на нефункциониот систем во модуларната болница и во БЕСА-Транс, за немањето учебници за учениците и за недостатокот на лекови во болниците.

— реклама —
— реклама —

Оваа неспособна власт, за жал, ја доведе Македонија во дипломатски и економски ќорсокак. Затоа, денешното гласање против наметнатите измени на Уставот нека биде мотив плус за да се чуе гласот на граѓаните и во Собранието, и на избори“, додава тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања