Денес облачно со поројни врнежи од дожд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер над 70 километри на час.

— реклама —

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

— реклама —

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Околу пладне во делови од котлината ќе има краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.

— реклама —

Од утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања