Со првиот академски час денеска официјално започнува академската 2026/2027 година на државните универзитети во Македонија.
На најголемиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, првиот академски час ќе се одржи во 10 часот на платото кај споменикот на Кирил и Методиј. Предвидена е свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.
Прв академски час денеска ќе биде одржан и на универзитетите „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Гоце Делчев“ во Штип, Државниот универзитет во Тетово, „Мајка Тереза“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Со тоа и официјално започнува новата академска година за студентите на државните високообразовни установи.