Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Екипите на ЈП Македонијапат ги расчистија снежните наноси и целосно е оспособен за сообраќај патниот правец Маврово - Галичник.
Г.П. Илинден-Струга известува дека на 12.04.2019 од 11 до 15 часот ќе има прекини на сообраќајот во времетраење од 15 минути поради изведување на минерски работи на патниот правец Кичево-Охрид во делот помеѓу Пресека-Врбјани. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски системи за наплата на наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 на магистрален пат А1, делница Демир Капија – Гевгелијаи обратно, сообраќајот ке се одвива согласно oдобрението за времен режим.
Од 08.04.2019 до 11.04.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на индуктивни јамки на Автопатот А1, делница Миладиновци - Куманово(стара наплатна станица Романовце) за што има промена на режимот на сообраќај.
Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.
Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид(Отешево - Трпејца, преку национален парк Галичица) од 15.11.2018 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да соообраќаат само до месноста “Kорита”.Се очекува да биде отворен на 01.05.2019 год.
На 04.04.2019 година од 11:30 часот поради оштетување на мостот во с.Ваташа на регионалниот пат Кавадарци - с.Мрежичко воведена е забрана за ТМВ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.