За денеска УХМР прогнозира променливо облачно и студено. На планините и на повисоките места во западните и југозападните делови со врнежи од снег, а во југоисточните од дожд и снег. Ќе дува умерен, долж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец и слабо провејување снег. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.