Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Матеј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library829llau49s6i22XshcM

Светиот апостол и евангелист Матеј бил еден од дванаесетте Христови апостоли. Пред да го повика Господ Исус Христос, работел како цариник, односно собирач на данок, во Капернаум. Кога Христос му рекол: „Врви по Мене“, Матеј веднаш го оставил дотогашниот живот и тргнал по Него.

— реклама —

По примањето на Светиот Дух, го проповедал Евангелието во Партија, Мидија и Етиопија, каде што поставил епископ и продолжил со својата мисија. Според црковното предание, таму бил подложен на тешки мачења по наредба на локалниот кнез, откако ги крстил неговата сопруга и синот.

— реклама —
— реклама —

И покрај страдањата, свети Матеј останал непоколеблив во верата. Пред смртта Му се помолил на Бога и Му го предал својот дух. Неговото тело било положено во оловен ковчег и фрлено во морето, но подоцна било пронајдено по неговото јавување на епископот Платон. Според преданието, чудото го поттикнало кнезот да го прими христијанството и да го посвети животот на Црквата.

— реклама —

Свети Матеј е автор на едно од четирите Евангелија. Според црковното предание, првично го напишал на еврејски јазик, а подоцна било преведено на грчки. За него се раскажува и дека се хранел исклучиво со овошје и зеленчук, воздржувајќи се од месо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања