Промени тема
Контакт

Денес се слави Денот на македонската револуционерна борба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
den

Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Владина делегација предводена од министерот без ресор за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

— реклама —

Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски, а во состав Диме Велковски и Жаклина Пешевска, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.

— реклама —

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања