Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Денес сончево со умерена облачност и релативно топло

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Денеска ќе имаме сончево време со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

— реклама —

Во Скопје исто така сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурите ќе бидат повисоки од вообичаените за овој период. Максималната дневна се очекува да се искачи од 14 степени на повисоките места, па се до 19 степени во југот од земјата.

— реклама —

Слично време не очекува и во текот на утрешниот ден, со повеќе локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен правец, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен.

— реклама —

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурите и во сабота ќе бидат доста високи. Утринските ќе бидат над нулата, и ќе се движат од 6 до 9 степени, додека дневните ќе бидат уште поголеми од утринските и ќе достигнат од 12 до 18 степени.

— реклама —

Во недела не оечкува промена на временската состојба. Синоптичарите најавуваат стабилно време со умерен до засилен северен ветер и значително опаѓање на температурите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања