Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Денес врнежи од снег, се очекува формирање на снежна покривка над 20 cm

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Претпладне времето ќе биде сончево со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и почнувајќи од запад ќе има врнежи од снег, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде низ земјава. Ќе дува умерен северен ветер. Утринските температури ќе бидат под нулата, а во некои делови ќе достигнат и до - 11 степени. Во текот на денот температурите ќе се движат 1 до 9 степени.

— реклама —

Во Скопје денес ќе биде облачност со услови за снег. Температурата ќе се движи од -7 до 5 степени.

— реклама —
— реклама —

Под влијание на студен и влажен бран денес попладне, во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои пообилни ќе бидат во западните и јужните делови од земјава. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала во североисточните делови (околу 5 см). Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси. Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања