„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Денес за Македонци во Уставот на Бугарија никој не спомна ни збор, а ние очите си ги вадиме меѓу себе, вели Димовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Iliaja-dimovski

Денес во Бугарија започна процедура за измени на Уставот на Република Бугарија... За Македонци во Уставот на Бугарија никој не спомна ни збор, а ние очите си ги вадиме меѓу себе за Бугари во нашиот Устав, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Да бевме сериозна држава која има некаква дипломатија или сериозен Претседател темата за внесување на Бугарите во Уставот на Република Македонија ќе беше заедно со реципрочно барање за внесување на Македонците во Уставот на Република Бугарија...

Никој од власта во Македонија не побара реципроцитет, а имаме стотици аргументи кои се и правни, цивилизациски, врз база на меѓународните повелби, европски резолуции, добиени судски случаи итн...

— реклама —

Таквата позиција ќе беше разбирлива, полна со аргументи и доволно прифатлива за меѓународната заедница како патека за разрешување на недоразбирањата...

Лесно ќе можевме да дојдеме до состојба во која меѓународната заедница ќе ги видеше двојните стандарди на соседната држава и ќе го олабавеше притисокот за промена на Уставот на Македонија...

Или двете држави ќе пристапевме кон надминување на недоразбирањата или немаше да имаме состојба во која недоволно зрели политичари со напади, прогон и злоупотреби сакаат да ја покријат својата неспособност...

Но, ние имаме дипломатија, Влада и Претседател чија цел е да внесат кавга дома и по цена на губење на виталните и стратешки интереси на македонскиот народ и на Република Македонија...

Ние, како држава, играме фудбал цели 90 минути во нашите 16 метри, природно е да знаеме дека ќе примиме гол.

Нам ни треба излез од наша половина на стадионот...

Но, со ваква Влада и Претседател ние всушност играме со тим кој е или повреден, или престарен, или нема кондиција, или нема техника...

Уставните измени кои се предлагаат во Македонија се плод на слабата власт, а не на противничкиот фудбалски тим“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања