Промени тема
Контакт

Денес започнува второто издание на „Ohrid Wine Festival“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
VINSKI_FESTIVAL_21.06-3

Денес со почеток од 18 часот, на улица „Кеј Македонија“ започнува Второто издание на „Ohrid Wine Festival“. По тој повод, денеска, градоначалникот Кирил Пецаков и Пане Темов, претставник на организаторите одржаа прес конференција.

— реклама —

-Овогодинешниот фестивал започнува на 22 јуни, и ќе трае до 24. Охриѓани и гостите ќе имаат можност да вкусат квалитетно, да уживаат во закуските и да уживаат во одличниот избор на музичките перформанси. Учество ќе земат повеќе од 20 винарии и други учесници од Македонија од повеќе различни региони. Овогодинешната музичка програма е составена исклучиво од домашни изведувачи и на тој начин даваме поддршка до домашните изведувачи кои се навистина квалитетни. Првиот ден е резервиран за бендот „Баклава“, добро прочуениот Миле Кузманоски и безвременскиот Дарио. Во петок ќе настапат „Лугер“, „Брас брадарс“, „Бак дор бенд“ и „Нокаут“, а во сабота охриѓанецот Александар Јосифовски, Фиц и „Д инвизибалс“ со најголемите хитови од Студени нозе, и „Фанк Шуи“. Сите дена како резидент дџ ќе биде „РутБој“. Убеден сум дека музичката програма ќе ги задовли сите вкусови на посетителите. Со почетокот на Вино Фест, практично го означуваме почетокот на летната туристичка сезона пред која ни претстојат безброј настани. Забавата започнува од 18 часот и ќе трае до 01 часот по полноќ. Ги поканувам Охриѓани, гостите, но и сите оние кои не се во Охрид во моментов, да дојдат и заедно да уживаме во фестивалот, кажа градоначалникот Пецаков.

— реклама —

Покрај познатите македонски вински компании, ќе се претстават и мали семејни винарии како од Охрид така и од Македонија.

-Посетителите по релативно добри и ефтини цени ќе може да пробаат различни вина. Ќе може да се дегустираат македонски сорти на вино, како станушина, вранец, темјаника…Ќе ги промовираме нашите македонски музичари, се надевам дека ќе биде посетено како и лани, рече Темов и додаде дека интересот кај македонските винарии бил поголем годинава, а за одредено време овој фестивал има шанси да стане регионален, истакна Темов.

— реклама —

Се очекува овој фестивал да изгради убава традиција и бројот на винарии од година во година да се збогатува.

— реклама —

/vinski_festival_21-06-1-scaled" rel="attachment wp-att-225791">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања