Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Денеска до 11 часот вакцинирани 703 деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
thumb

Расте бројот на деца, кои деновиве ја примиле МРП вакцината. Во поликлиниките во Скопје, денеска до 11 часот вкупно се вакцинирани 703 деца.

— реклама —

„Во моментов нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници), но има еден случај за кој се чека лабораторска потврда.

— реклама —

Министерството за здравство апелира до граѓаните, кои се сомневаат дека нивните деца имаат симптоми на морбили, може да ги носат во ГОБ „8 Септември“ или на Клиниката на инфективни и фебрилни состојби.

— реклама —

Родителите кои со своите деца ќе одат во поликлиниките на вакцинација, имаат право да го проверат производителот и рокот на траење на вакцината, пред да ги вакцинираат.

Министерството за здравство уште еднаш потврдува дека МПР вакцината е со проверен квалитет, произведена во Белгија од реномиран производител, кој има два сертификати за квалитет и истата ја употребува за вакцинација на децата во својата земја“, велат од Министерство за здравство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања