Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Денеска е Ѓурѓовден – се прославува будењето на вегетацијата и на животот воопшто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gurgovden

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6-ти мај според новиот (или на 23-ти април според стариот) календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Именден празнуваат:Ѓоко, Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и други.

— реклама —

Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец меѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар.

Како голем празник Ѓурѓовден се поврзува со Велигден, па и во народната песна се пее за нивната поврзаност, за раззеленувањето на вегетацијата и за враќањето на животот по пасивниот зимски период.

— реклама —

Ѓурѓовден е празникот  врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување и спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви.

Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи дека домот и годината ќе бидат богати.

Наутро со билките и со цвеќињата што домаќинката претходно ги потопила во вода, прво се мијат децата за да бидат здрави како дрен преку цела година, девојките и момчињата се грабаат околу нив, старите да бидат витални, а домашните куќата да им биде чувана.

— реклама —

Се верува дека на Ѓурѓовден не треба да се спие, бидејќи главата може да ве боли цела година.

Во селата се палеле големи огнови за да се избркаат сите зли и лоши сили.

— реклама —

Се верувало дека ако е ведро, годината ќе биде плодна, а ако врне, дека ќе биде сушна година.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања