Денеска е Задушница, утре Духовден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zadusnica

Православните христијани, ја празнуваат Задушница, а утре Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на оние кои не напуштиле. На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се заминати од овој свет. Тоа е ден посветен на молитивите за заминатите роднини и пријатели. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.

— реклама —

Но, годинава поради воведената забрана за движење заради пандемијата, посетата на гробиштата е забранета и поменот за починатите мора се врши само во храмовите и во домовите.

Се верува дека во периодот пред и после овој празник владеат моќни енергии. Обичај е да се посетуваат манастирите, а особено тоа треба да го направат оние кои бараат простување на гревовите или лек за некој болест.

— реклама —

Од манастирите треба да се понесе осветена вода која во следната година обезбедува хармонија во домот.

Во некои краеви се верува дека тогаш е засилена и енергијата на оние кои прават разни растителни мелеми. Во минатото се верувало дека за да се заштитат од несреќа во овој период од годината носеле чешне лук или пелин во џеб, а дрвата ритуално ги кителе со подароци.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања