Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Денеска ќе се знае дали Јанева ќе „лета“ од СЈО, Советот на јавни обвинители пред одлука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
katica-janeva

Советот на јавни обвинители денеска ќе ја донесе одлуката за тоа дали ќе ја почне постапката за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради нестручно и несовесно работење. Јанева во моментов е во притвор за предметот „Рекет” на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штериев по седницата, која завчера траеше речиси осум часа, изјави дека тој и останатите членови на Советот успеале единствено да ги разгледаат списите, огромен број материјали кои до нив биле доставени во однос на истрагата за случајот „Рекет”. Најави дека со работа ќе продолжат денеска претпладне, и очекува да биде донесена одлука дали ќе ја почнат постапката за разрешување на Јанева.

— реклама —

Советот на јавни обвинители, како што рече Штериев, првпат се соочува со една ваква ситуација во која на шеф на Јавно обвинителство му е определена мерка притвор. Не сакаше да открие дали по однос на ова прашање има спротивставени ставови и мислења меѓу членовите на Советот.

— реклама —

Претседателот Стево Пендаровски вчера од Македонска Каменица, одговарајќи на новинарско прашање за неговата позиција во однос на „Рекет”, изјави дека нема политичко мешање во истрагата за овој случај.

— реклама —

– Моја работа како претседател не е да ја коментирам секоја фаза од случајот „Рекет”, се додека законската процедура со постапката за овој случај не покаже некои видливи моменти за кои потоа ќе можеме да дадеме оценка како политичари, рече Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања