Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Денеска Македонија ќе се задолжи со нови 50 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Денес Македонија ќе се задолжи за нови 3 милијарди денари или 50 милиони евра пари на граѓаните. На 14.01.2020 имавме задолжување исто така од 500 милиони денари, а на 28.01.2020 1.3 милијарди денари, се вели во соопштението од  Кабинетот на дополнителен заменик Министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

Македонија се задолжува, а нови инвестиции немаме, економијата стагнира и е на последното место во Западен Балкан по раст. Каде одат овие огромни суми, кога граѓаните не гледаат никкаков бенефит?

— реклама —

Да бидеме по прецизни, со денешната аукција имаме 37,300.000 милиони евра нето долг, додека капиталните инвестиции заклучно со денес  11.02.2020 се 16 милиони евра. Тука се поставува прашањето каде е разликата од 21 милиони евра и за што ќе служат овие средства?

— реклама —

Нелогичноста оди подалеку кога ќе видиме дека Владата потрошила 450 илјади евра за изградба на депонии, а внимавајте цели 350.000 илјади евра за реконструкција на споменици и 200.000 евра на нови моторни возила.

— реклама —

Државата се повеќе се задолжува, а граѓаните треба да знаат што се случува со нивните пари, додека квалитетот на живот во Македонија стагнира и никој не живее подобро. Животот на кредити и крпен живот не е тоа што го очекуваат и сакаат граѓаните во Македонија.

Ваквото во најмала рака несериозно располагање со парите на народот е неприфатливо и тоа мора да се промени, се вели во соопштението од  Кабинетот на дополнителен заменик Министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

фото: Архива

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања