„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Денеска нови рочишта на СЈО за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и „Триста“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sjo

Во Кривичниот суд денеска треба да се оддржат четири судски рочишта за предметите на СЈО, односно за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и повторената постапка за „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство.

— реклама —

Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.

Во судот денеска е закажано ново рочиште и за предметот „Топлик“ во кој првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште. Покрај него, осомничени се уште пет лица.

— реклама —

Во судот денеска треба да се одржи рочиште и за предметот на „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Во предметот  „Триста“ пак, обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања