Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Денеска ново задолжување од 131,6 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
evar-zadolzuvanje

Денеска Зоран Заев ќе ги задолжи граѓаните за 131,6 милиони евра. Тоа е задолжување од неверојатни 280 евра за секое четиричлено семејство. Политиките на владата на СДСМ и Заев ја руинираат македонската економија и ја водат кон банкрот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Штетата која што ја прави СДСМ со секој изминат ден се потешко ќе биде да се надомести.

— реклама —

Единственото економско блескање кое што го најавуваше Заев се енормите износи на нови задолжувања. Во државата цветаат само личните бизниси на фамилијата Заеви. Забрзаното задолжување е само показател дека Зоран Заев го интересира само како да ги присвои парите на граѓаните преку неразумно трошење и сомнителни тендери.

Историското рекордно ниско ниво на капитални ивестиции во јануари од 1.67 отсто говори дека СДСМ не знае каде тера. Со скапа пропаганда ги лаже граѓаните дека реализираат инвестии, а бројките говорат дека СДСМ ништо не изградиле.

— реклама —

Ги нема помпезно најавуваните патишта,автопати, болниците, училиштата, проектите за младите, амбулантните возила. Заев се утепа од лажење, а од инвестиции останаа само семејните богатења и зголемување на капиталот на неговите функционери.

Зоран Заев се богато, задолжувањата се зголемуваат а граѓаните осиромашуваат. Јавниот долг не само што е висок, туку ги надмина енормните 50% заканувајќи се со тотално банкротирање на државата. За еден месец владата на Заев потрошила 1.3 милијарда денари за привремени вработувања, а за неполни три години трошоците за привремените вработувања се зголемени за огромни 71%.

Расипничкиот однос на Заев и СДСМ резултира со беда и банкрот. На ова поигрување сл државата, ќе му дојде крај на 12-ти април, кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ќе започне обновата на економијата во Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања