Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Денеска облачно со врнежи од дожд, а на планините снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Времето денеска ќе биде облачно, почнувајќи од јужните делови со врнежи од дожд, кои попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м2).

— реклама —

На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег, а во текот на ноќта во овие подрачја се очекува и формирање на снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

— реклама —

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

— реклама —

Во Скопје облачно, попладне и во текот на ноќта со пообилни и повремено поројни врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 12 степени.

— реклама —

Врнежи се уште ќе има и во вторник претпладне, кога во западните делови во повисоките подрачја ќе бидат од снег. И во вторник ќе дува засилен северен ветер што ќе услови дополнително намалување на дневната температура. Потоа ќе преовладува променливо и посвежо време, во среда се уште со услови претежно на планините да провејува слаб снег.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања