Денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови (локално над 30 л/м2). До утре кон крајот на денот на планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а нова од околу 15 см ќе има во западните и североисточните делови. Снежна покривка до 5 см ќе се формира и во Скопската Котлина.
Од утре до среда ќе дува повремено силен ветер од северен правец (локално и над 60 км/час). Најстудено наутро ќе биде во среда и четврток, велат од УХМР.

извор: УХМР