„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Денеска почнува судењето за убиството на Пино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pino

Во Кривичниот суд почнува судењето за убиството на Пинета Секондо – Пино. Шест месеци откако беше приведена, на обвинителната клупа ќе седне Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за соучесништво во убиството.

— реклама —

Дваесет и двегодишната скопјанка Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Секондо, настан кој се случи на 11 декември лани. Таа ќе седне на обвинителна клупа, а во судница во Кривичниот суд ќе се соочи со обвинителката во овој предметот Лидија Раичевиќ.

Безмалку една година по убиството, на 5 овој месец, најблиските и пријателите за последен пат се простија од Пино Секондо на Реквиемска Миса во неговата татковина Италија.

— реклама —

Пинета (Пино) Секондо беше исчезнат од 11.12.2018 година, а исчезнувачењето во полиција беше пријавено од мајка му Маја. После повеќе од пет месеци истрага, на 29 април годинава, од страна на непознат граѓанин во полиција беше пријавено дека на место викано Башинец во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења.

На 31 мај годинава, пак, МВР до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против Ф.А. (27) и А.Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања