Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
DSC_0052

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, петок, (31.03.2023), поради најавено одржување на мирен протест, со почеток во 10.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува од крстосница на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“ кон крстосница на бул„Илинден“ со бул.„Климент Охридски“.

— реклама —

Со почеток во 16.00 часот, пак, поради реализација на мирен марш, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот по потреба ќе се пренасочува по рутата по која ќе се одвива маршот, и тоа од крстосницата на бул.„Гоце Делечев“ со бул.„ВМРО“, право по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“ и во продолжение до бул.„11 Октомври“, пред Собранието на РСМ.

— реклама —

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат планираните активности со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања