Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Денеска продолжува судењето за „Ласкарци“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

На минатото рочиште сведочеше жител на селото Ласкарци кој меѓу првите пристигнал на местото на превртениот автобус. Посочи дека не видел што се случило, туку само чул удари и прашина кога нешто големо паднало во нивата, но не видел дали е автобус или камион.

— реклама —

Како сведок беше сослушана и Вјолца Ибраими една од повредените патнички во автобусот на „Дурмо турс“. Сослушан беше сведок, кој со приватен автомобил возел зад автобусот на Дурмо турс. Кажа дека бил сам во возилото и возел во средната лента позади автобусот и не приметил ништо невообичаено кај автобусот, како чад, истекување или друго нешто.

— реклама —

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања