Времето денеска ќе биде променливо облачно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од таму посочувааат дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и локална појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 25 до 31 Целзиусов степен. УВ индексот ќе изнесува 7.
Од понеделник до четврток во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.