Денеска регистрирани 152 нови случаи на Ковид-19, нема починати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus-test

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-20, Дебар-8, Штип-14,Прилеп-1,Тетово-9, Струга-13, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-15, Гевгелија-3, Струмица-4, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-2.

— реклама —

Нема починати пациенти.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-8, Штип-6, Тетово-10, Гостивар-10, Свети Николе-13.

— реклама —

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4607, активни 1935

• Куманово 987, активни 282

• Дебар 193, активни 125

• Штип 732, активни 380

• Прилеп 322, активни 52

• Тетово 992, активни 283

• Струга 415, активни 206

• Велес 212, активни 21

• Битола 114, активни 60

• Охрид 262, активни 111

• Кавадарци 38, активни 21

• Гостивар 372, активни 223

• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 35, активни 24

• Крива Паланка 22, активни 8

• Радовиш 28, активни 23

• Крушево 15, активни 9

• Кочани 94, активни 24

• Пробиштип 47, активни 28

• Демир Хисар 24, активни 22

• Македонски Брод 12, активни 8

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 5, активни 1

• Делчево 5, активни 4 (*1 лице од ПЕ Делчево е од Македонска Каменица)

• Кратово 13, активни 8

• Свети Николе 216, активни 188

• Кичево 120, активни 93

• Ресен 143, активни 45

• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1077 теста се преку: ИЈЗ-667, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-138, Биотек-78, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-8, Систина со PCR метода -99, Судска медицина -1, ЦЈЗ Битола-35, Инфективна клиника-3, ГАК-15. Досега во земјата се направени вкупно 95169 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина, соопштува Министерството за здравство.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 8 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19, информира МЗ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања