Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Денеска рочиште за „Титаник“, без Груевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
tenk

— реклама —

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Титаник" на Специјалното јавно обвинителство, каде меѓу обвинетите е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија каде што побарал политички азил.

— реклама —

— реклама —

Одржувањето на денешното рочиште е неизвесно бидејќи Груевски неколку дена е недостапен за полицијата, а од понеделникот попладне тој се бара и со потерница заради издржување двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности освен поранешниот премиер Никола Груевски, обвинети се повеќе лица, меѓу кои и екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на минатото рочиште беа преслушани околу 70-тина аудио снимки предложени од Обвинителството. За случајот „Титаник“ СЈО има предложено над илјада бомби, а на досегашните рочишта преслушани се нешто повеќе од 800 разговори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања