Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Денеска се одбележува споменот на Свети Јован Милостив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 25 минути -

Македонија
media-library9sq803l2seod1QBamkc

Свети Јован Милостив, патријарх Александриски, е роден на островот Кипар, во угледно семејство. Уште од детството бил воспитуван во христијански дух. По желба на родителите се оженил и имал деца, но по Божја промисла ги изгубил сопругата и децата.

— реклама —

Поради својата благочестивост и милосрдие, бил избран за патријарх Александриски во времето на царот Ираклиј. Десет години управувал со Александриската црква, грижејќи се за верниците и штитејќи ја од незнабошците и еретиците.

— реклама —

Свети Јован бил познат по кротоста, човекољубието и посветеноста на сиромашните. „Ако сакаш благородство, не барај го во крвта, туку во добродетелта, зашто тоа е вистинското благородство“, поучувал тој.

Еднаш, за време на богослужба, се сетил дека еден од клириците му е лут. Веднаш ги оставил Светите Дарови, му пристапил и побарал прошка, па дури по помирувањето се вратил пред жртвеникот.

— реклама —

Во друга прилика, една сиромашна вдовица го запрела на пат кон црква и почнала да му ја раскажува својата мака. Кога придружниците го повикале да побрза, тој им одговорил: „А како ќе ме послуша мене Бог ако јас не ја послушам нејзе?“ и останал да ја ислуша до крај.

— реклама —

Кога Персијците го нападнале Египет, Свети Јован заминал со кораб кон Кипар. На патот се разболел, а по пристигнувањето во родниот крај се упокоил во 620 година. Неговите чудотворни мошти подоцна биле пренесени во Цариград, Будимпешта и Пресбург.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања