„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Денеска се потврдени 22 нови случаи на ковид 19, оздравени се 50 пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-3

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти во: Скопје-16, Куманово-10, Прилеп-6, Тетово-15, Велес-1, Крива Паланка-1 и Валандово-1.

— реклама —

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78г) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77г), на болничко лекување од 14 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1.

— реклама —

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382. Последната дистрибуција по градови е:

•       Скопје – 636, активни 143

•       Куманово – 416, активни 21

•       Дебар – 51, активни 0

•       Штип-38, активни 4

•       Прилеп –202, активни 59

•       Тетово – 150, активни 66

•       Струга – 71, активни 5

•       Велес – 125, активни 53

•       Битола –27, активни 8

•       Охрид –21, активни 6

•       Кавадарци – 5, активни 0

•       Гостивар –20, активни 3

•       Гевгелија – 4, активни 0

•       Струмица – 2, активни 0

•       Крива Паланка- 6, активни 1

•       Радовиш – 4, активни 0

•       Крушево – 3, активни 0

•       Кочани – 31, активни 4

•       Пробиштип – 2, активни 0

•       Кичево – 2, активни 0

•       Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

•       Демир Хисар – 1, активни 0

•       Македонски Брод - 2, активни 0

•       Пехчево- 3, активни 1

•       Делчево-1, активни 0

•       Валандово -1, активни 0

•       Виница – 2, активни 0

•       Кратово-2, активни 1

•       Берово-1, активни 1

•       Свети Николе-1, активни 1

Направените 533 теста се преку: ИЈЗ –256, Ветеринарен ф-тет -7, Авицена –12, Биотек -36, Филип Втори (Жан Митрев) –61, Систина со PCR метода  -53 и МАНУ -108.  Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 2 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 43 пациенти. Двајца пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови, а вкупно хоспитализиран 21 пациент. На респиратор се 4, a со потешка клиничка слика се уште 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани  51 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања