Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Денеска се празнува Свети Апостол Вартоломеј или Вртолум, денот кога се врти Сонцето кон зима

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sv-vartolomej

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава, во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24 јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник поради што не се работи никаква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на Сонцето. Имено, се верува дека на овој ден Сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во Сонцето за да виделе кога тоа ќе застанело и ќе се завртело.

Свети Апостол Вартоломеј е христијански светец, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Се смета дека Вартоломеј и Натанаило се една иста личност. Како Натанаило се споменува единствено во евангелието на апостол Јован, додека во останатите три се споменува како Вартоломеј.

— реклама —

Свети Вартоломеј отишол во Индија, каде го проповедал евангелието на апостол Матеј, преведувајќи го на индиски јазик. Потоа се вратил во Ерменија, каде христијаните веруваат дека ја спасил ќерката на царот од лудило братот на царот наредил Вартоломеј да биде затворен и распнат на крст, а потоа му ја пресекол и неговата глава. Неговото тело, христијаните го сочувале во оловен сандак. Самиот сандак бил фрлен во морето, кое водата го донела до Липарските острови, каде епископ Агатон го дочекал и го погребал во храмот. Подоцна, моштите биле префрлени во Рим.

— реклама —

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања