Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Денеска се празнува Свети Мина – голем христијански маченик и чудотворец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 46 минути -

Македонија
media-library8djdch6oij0sdxbuWJM

Свети Мина е познат како голем христијански маченик и чудотворец, кој го напуштил воениот живот за да остане доследен на својата вера во Христос.

— реклама —

По потекло бил Египќанец и служел како војник, но не можел да го прифати идолопоклонството и жртвувањето пред паганските божества. Затоа се откажал од војничката служба, ги напуштил градот и луѓето и се повлекол во планина, каде што живеел далеку од незнабожечката средина.

— реклама —

Според преданието, кога дознал за паганско празнување во градот Катуанија, се симнал меѓу луѓето и јавно ја исповедал својата вера во Христос, осудувајќи го идолопоклонството. Пред градскиот управител Пирос се претставил како Мина, родум од Египет, поранешен офицер, кој се откажал од почестите за да го објави Христос како вистински Бог.

— реклама —

Поради своето сведоштво, бил подложен на сурови измачувања. Го тепале, го стружеа со железни четки, го гореле со свеќи и го мачеле на различни начини, а на крајот бил погубен со меч. Неговото тело било фрлено во оган за христијаните да не можат да го погребаат, но тие успеале да спасат дел од неговите останки. Подоцна тие биле пренесени во Александрија, каде што биле погребани и над гробот била изградена црква.

— реклама —

Свети Мина пострадал околу 304 година. Во христијанското предание останал запаметен како голем чудотворец, кому верниците му се обраќаат со молитва во моменти на неволја и искушенија. Според преданијата, повеќепати се јавувал во лик на војник на коњ, помагајќи им на оние што со вера го повикувале.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања