Денеска се регистрирани 113 нови случаи на ковид 19, починаа 6 лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
korona-njemacka

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Валандово-1, Виница-1.

— реклама —

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 259 оздравени пациенти од: Скопје-103, Куманово-13, Дебар-1, Штип-75, Тетово-31, Битола-2, Кавадарци-2, Гостивар-19, Кочани-2, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-4, Ресен-2.

Починати се 6 лица, три пациенти од Скопје (64г., 22г. и 83г.), пациент од Куманово (72г.), пациент од Струга (48г.)и пациент од Охрид (75г.). Пет пациенти се починати во болнички услови, еден вонболнички.

— реклама —

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11399,  бројката на оздравени пациенти е 7480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3402. Денес се евидентираат три контролни теста. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5000, активни 1231

• Куманово 1114, активни 260

• Дебар 208, активни 117

• Штип 910, активни 381

• Прилеп 337, активни 47

• Тетово 1071, активни 186

• Струга 470, активни 187

• Велес 227, активни 22

• Битола 153, активни 71

• Охрид 288, активни 80

• Кавадарци 83, активни 61

• Гостивар 513, активни 283

• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 39, активни 23

• Крива Паланка 25, активни 11

• Радовиш 29, активни 16

• Крушево 16, активни 8

• Кочани 108, активни 20

• Пробиштип 58, активни 21

• Демир Хисар 36, активни 27

• Македонски Брод 42, активни 36

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 8, активни 4

• Валандово 7, активни 1

• Виница 26, активни 22

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 5

• Свети Николе 230, активни 130

• Кичево 179, активни 109

• Ресен 146, активни 19

• Неготино 28, активни 8 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1543 теста се преку: ИЈЗ-591, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-166, Биотек-195, МАНУ -133, Жан Митрев (Филип Втори)-202, Систина со PCR метода -161, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-9, ГАК-9. Досега во земјата се направени вкупно 109946 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 164

• Аеродром - 139

• Бутел - 80

• Гази Баба - 121

• Центар – 101

• Карпош – 110

• Сарај – 54

• Кисела Вода – 129

• Ѓорче Петров – 88

• Студеничани – 42

• Шуто Оризари – 100

• Арачиново – 21

• Илинден – 22

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 8

• Сопиште – 20

• Зелениково- 6

• Странец – 4

• Нераспределен - 5

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања