Денеска се слави Митровден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mitrovden-1

Денешниот празник меѓу народот е познат како Митровден (Митроен) и се празнува на 8-ми ноември според новиот (или на 26-ти октомври според стариот) календар. Тогаш завршува летниот и започнува зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, студеното време и сл. се вели дека со Митровден започнува зимата. Оттука и македонската народна поговорка „Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“.

— реклама —

Народниот обичај наложувал денеска да се остане дома. Се верувало дека оној кој што денес нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови.

— реклама —

Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник.

— реклама —

За Митровден се верувало дека ќе се претскаже каква ќе била зимата. Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април.

Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден никако не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања