Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска се слават Четириесете Севастиски маченици – Младенци. Празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина.
Именден празнуваат: Младен, Младенка и др.
Задолжителен обичај е младите кои се венчале годината пред Младенци, на овој ден да одат во црква и да ги запалат свеќите од венчавката за да се догорат. Вечерта на Младенци најчесто во домот на младите доаѓаат гости да им посакаат среќа во бракот и желби за новороденче. Во некои случаи на тој ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.