Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Денеска се слави Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Bogorodica

Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос. Христијаните веруваат дека, како и Исус и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување. Овој ден се празнува на 28 август по стариот календар, или 15 август по новиот календар.

Ова е празник на мајката на животот

— реклама —

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните.

— реклама —

Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави денес. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.

— реклама —

Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ смртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината смрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања