Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Денеска со два лета од Виена и Базел пристигнуваат 360 наши сограѓани, еве каде ќе бидат сместени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
avtobus-1

Владата на Република Северна Македонија подготви безбеден и строго контролиран автобуски превоз за нашите сограѓани кои ни пристигнуваат денеска со летовите од Виена и Базел.

За 180 патници од летот од Виена во 13:55 часот, обезбедуваме транспорт со автобуси со дезинфицирана внатрешност, опремени со закуска и вода, возачи со целосна безбедносна опрема, до хотелите „Дрим“ во Струга и „ЕСМ Славија“ во Попова Шапка, каде граѓаните ќе престојуваат следните 14 дена во задолжителен државен карантин.

— реклама —

Согласно протоколите за државни карантини, 180 наши граѓани кои денеска пристигнуваат со летот од Базел во 20:25 часот, со автобуси ќе се упатат во хотелите „ЕСМ - Попова Шапка“, „Алпина“ во Маврово и „Цар Самоил“ во Банско, каде ќе поминат 14 дена во изолација.

— реклама —

На нашите сограѓани во државен карантин им посакуваме здравје и што полесно да го поминат карантинот, а до сите останати сограѓани апелираме да ги следат мерките за заштита и да останат во своите домови.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања