Денеска на јавна седница, Судскиот совет ќе расправа и ќе одлучи дали Беса Адеми ќе ја задржи претседателската функција во Врховниот суд.
Извештајот на Комисијата кој го подготвија Мирсад Суроји, Селим Адеми и Мери Радевска не содржи конкретен предлог туку што е констатирано во постапката и ставот на Беса Адеми.
Иницијативата за нејзина одговорност ја покрена членот на Судски совет, Миљазим Мустафа откако таа изјави дека судот е под политички притисок да ја прифати амнестијата на поранешниот претседател Иванов.
Судскиот совет по расправата може да донесе одлука за разрешување, намалување на плата, запирање на постапката или привремено одземање на функцијата.
Смир-смир: Беса Адеми ќе доаѓа на седници, Судски нема да ја разреши?
Беса Адеми ќе доаѓа на седници, Судски совет нема да ја разреши. Ова е очекуваниот епилог на седницата закажана за утре (среда), според извори на „Скопје1“. Извештајот е завршен и е ставен на дневен ред. Примирјето помеѓу „завојуваните“ страни е веќе извесно, ако се има во предвид дека Адеми се појави на последната седница, каде зеде и свое учество во дискусијата. Острата реторика помеѓу членот на Судски совет, Миљазим Мустафа и Адеми се смирува, а откако странскиот фактор отворено му кажа на ли
Македонија | пред 2 години