Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Денови на српска култура во МНТ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
New-Image

Годинешната продолжена манифестација “Денови на српската култура во Р.Македонија“ во организација Српскиот културно информативен центар СПОНА,   ќе биде крунисана со  претставата “Реалисти“ .

— реклама —

Текстот е на белградската авторка Јелена Кајго, режија Срѓан Јаниќијевиќ. Дел од проектот се и екипа на млади актери од Македонија (Ивица Димитријевиќ, Нина Деан Гачиќ, Владимир Петровиќ, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ), кои заедно со Јаниќијевиќ со голема смелост и енергија влегоа во реализација на од неколку аспекти големиот предизвик и пионерски проект.

— реклама —

Станува збор за драма која третира повеќе современи теми. Оттуѓеноста на луѓето, нивната трка по финансии и престиж  во машината на капитализмот каде парите се над и пред се. Вртоглаво секојдневие во натпреврот за “Успех во животот“  по цена на нарушено здравје, отсуство на емоции и љубов, нечовечност....

— реклама —

Самата подготовка на овој проект предизвика голем интерес поради што претставата “Реалисти“ ќе има две премиерни изведби на 6 и 7 декември во МНТ (20:00).

Во низата активности за 2018 годиниа освен претставата "Реалисти", предвидена е и ликовна и фото изложба на делата на сликарите: Мирослав Масин, Микица Трујкановиќ, Љубица Мијалковиќ, Лидија Вујисиќ, Мирко Вујисиќ, Јовица Мијалковиќ, потоа, фотографиите на Боре Рудиќ, Јасна Суша и Лука Суша. Како и карикатурите на покојниот Дар Мар - Дарко Марковиќ, со што се заокружува овогодинешната продолжена манифестација на Културниот Центар Спона - “Денови на српската култура во Р.Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања