„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Деновиве започнаа активностите за одбележување на 9 Мај, Денот на Европа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
foto

Деновиве почнаа активностите за одбележување на 9 Мај, Денот на Европа, што оваа година се одвива преку Фејсбук со заедничка кампања на европските движења од сите европски држави под мотото „Заедно за Европа“. За разлика од претходните години кога акцент се ставаше на масовни активности, годинава кампањата ќе биде насочена кон социјалните мрежи, со цел во услови на пандемија по електронски пат да се допре до што поголем број проевропски и продемократски настроени граѓани и притоа да се зголеми свеста за европските вредности.

— реклама —

Како дел од одбележувањето на Денот на Европа е организиран студентски натпревар за најдобра фотографија на тема „Најдобар европски град“. Натпреварот ќе трае до 9 мај, а за три фотографии со најголем број лајкови се обезбедени парични награди.

Фотографиите на 47 студенти, колку што се пријавија на конкурсот, се објавени на Фејсбук страницата на Европското движење (www.facebook.com/EuropeanMovementEMMK), а може да се видат и директно преку линкот shorturl.at/ckqs0.

— реклама —

Инаку, во рамки на прославата на Денот на Европа, Македонското Европско движење организира и онлајн дебата за размена на искуствата на студентите преку Еразмус плус програмата на 5 мај (вторник), како и онлајн квиз за знаењата за ЕУ на 9 мај (сабота). За средношколците, пак, е објавен конкурс за најдобар есеј на тема „Заедно за иднината на Европската Унија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања