„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Депонии за опасен отпад ќе се прават само со потпис на градоначалник и министер - СОС Охрид алармира за проекти без јавна контрола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Охрид
deponija

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ реагира на најавените измени на Правилникот за урбанистичко планирање, предупредувајќи дека тие овозможуваат реализација на одредени проекти само со урбанистички проект, без да се помине низ постапката за урбанистички план.

— реклама —

Според иницијативата, ваквата промена ја отстранува јавната контрола и го потиснува јавниот интерес и заштитата на животната средина.

Предложеното решение предвидува урбанистички проект вон опфат на урбанистички план да може да се користи за изградба на објекти од државно и локално значење – како фотоволтаични централи, мали хидроелектрани или депонии за опасен отпад. Овие проекти би се носеле врз основа на просторни планови, без задолжителна јавна анкета, без партиципативно тело и без одлука од Советот на општината.

— реклама —

-Фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали и депонии за опасен отпад се предвидуваат со урбанистички проект, а не со урбанистички план! Урбанистичкиот проект вон опфат, како урбанистичко – планска категорија, го сметаме за тежок упад во урбанистичкото планирање и за бришење на јавниот интерес со потпис од градоначалник и министер, а предлог-измените не се во насока на корекција, туку на уште поголеми отстапки.

Да појасниме, зад овој концепт се крие легализирана експлоатација на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште. Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план ова земјиште го претвора во градежно без да се помине целата процедура на урбанистички план што опфаќа вклучување на јавноста на неколку начина: преку јавна анкета, преку партиципативното тело и преку Советот како претставничко тело на граѓаните. Урбанистички проект вон опфат поминува само со потпис од градоначалникот или министерот, зависно дали е од локално или државно значење. Со кое право?!

Правилникот е таков уште откако првпат е донесен во оваа верзија во 2020 година. Со најновите измени на член 58 став (3), се додава точка 15 со што со урбанистички проект вон опфат на урбанистички план меѓу другото се уредуваат и „други градби од државно и локално значење од групите на класи на намени В, Г, Д и Е што ги задоволуваат условите за поединечни градби, односно групи на градби и инфраструктурни градби вон населени места“.

Она што фрапира е што точка 15 постоела во член 58 на правилникот од неговото донесување во 2020 година сè до 17.7.2025 година кога била отстранета. Единствена разлика е што во претходната верзија беа опфатени и градбите од класите А и Б. Дали се работи за несмасно отстранета точка пред еден месец, па сега треба да се врати назад или за нешто друго?

Ако Министерството за транспорт имало намера со измените да ги елиминира штетните последици од оваа можност во правилникот, тогаш мора комплетно да ги преработи измените и целосно да ја елиминира опасноста, меѓу другото, фотоволтаични фарми, мали хидроцентрали, гасоводи, нафтоводи, депонии за неопасен и ОПАСЕН отпад да може да се прават со урбанистички проект.

Од „Охрид СОС“ велат дека станува збор за директен удар врз урбанистичкото планирање, бидејќи одлуките ќе се носат само со потпис на градоначалник и министер, без можност граѓаните да имаат увид или да влијаат врз процесот. Според нив, тоа ќе доведе до претворање на земјоделско, шумско и крајбрежно земјиште во градежно, без соодветна процедура и без контрола.

Иницијативата бара од Министерството за транспорт да ги повлече предложените измени, нагласувајќи дека урбанистичкото планирање мора да биде транспарентно, инклузивно и партиципативно, а не да се заснова само на економски интерес на инвеститори.

„Охрид СОС“ повикува јавноста да биде вклучена во процесот на донесување одлуки и институциите да ја преземат одговорноста пред граѓаните, историјата и идните генерации.

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања