Дерковски исчезна, колегите го чекаат да закаже седница на ДИК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
oliver-derkoski-1

Претседателот на ДИК, според информации оттаму, е недостапен за колегите, кои го чекаат да закаже седница затоа што денеска треба да се ревидира роковникот, а утре да почне кампањата. Кондарко изјави за „360 степени’ дека ревидирањето на роковникот ден по завршувањето на вонредната состојба е законска обврска што произлегува од Уредбата за изборите и заклучокот на ДИК

— реклама —

Членовите на ДИК, според информации на  „360 степени“, од вчера не можат да стапат во контакт со претседателот на Комисијата Оливер Деркоски, од кого се очекува за денеска да закаже седница за ревидирање на роковникот за 10 парламентарни избори, што би требало да се одржат на 5 јули, со оглед на тоа што на полноќ заврши вонредната состојба.

Дел од членовите на ДИК од утрово се во просториите на Комисијата и велат дека Деркоски не одговара на нивните повици.

— реклама —

И „360 степени“ се обиде да стапи во контакт со претседателот на ДИК, за да се информираме дали Комисијата ќе заседава денеска, ама тој не одговорил на телефонскиот повик.

 

Текстот во велост на: „360 степени“

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања