Претседател на ДИК Оливер Дерковски, во гостување во „Утрински Брифинг“ зборуваше за актуелната тема која е поврзана со одржување на избори каде посочи дека процесот за одржување на изборите ќе мора да се прилагодува на она што здравствените власти ќе препорачат.
-Избори мора да има до крајот на мандатот на овој пратенички состав согласно верификацијата на 31 декември кој беше тогаш ратификуван. Сега настапи една пандемиска криза која за сите нас е новина ви рекол во државата. Ние се соочуваме со ситуација до која до сега не била, така што и самата комисија и овој процес ќе мора да се прилагодува на она што здравствените власти ќе го препорачат, истакна Дерковски.
Претседателот на ДИК вели дека нема да потпише избирачки список кој нема да ја помине целата процедура за тој да биде прочистен и нема да обезбеди заштита на гласачкото право.
-Избирачкиот список се потпишува од сите членови на комисијата и од кога ќе се потпишат сите, тој се заклучува и со тој список се оди на избори. Избирачки список кој не би ја поминал целата процедура за да биде утврден прочистен, распоредени сите гласачи на своите места, да им се даде право на увид за да може да се заштитат и да обезбедиме заштита на гласачкото право пред надлежните судови, јас нема да потпишам, истакна претседателот на ДИК, Дерковски.
фото: Архива