Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Десет лица упасени, кај нив пронајдена дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library152ihem7tg9ueVgKyF8
Илустрација

Десет лица се лишени од слобода на различни локации во Скопје, Боговиње и Прилеп, откако при полициски прегледи кај нив биле пронајдени различни материи за кои постои сомнение дека се дрога, соопшти МВР.

— реклама —

Во Скопје, во текот на 28 и 29 септември, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С. (57), Ф.Н. (43), А.З. (21), Д.Т. (29) и 18-годишната А.Х., сите од Скопје, како и Ф.Н. (53) од село Речане, гостиварско, и Л.Р. (40) и А.Х. (39), двајцата од Шведска.

— реклама —

Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и грутчеста материја.

Во 02:30 часот на 29 септември, пред угостителски објект во село Боговиње, полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Т.Ѓ. (21) од село Милетино. При извршениот преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

— реклама —

Во Прилеп, пак, на 28 септември во 20:20 часот, пред угостителски објект на улицата „Октомвриска“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода З.Т. (45) од Прилеп. При прегледот кај него биле пронајдени грутчеста материја и марихуана.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Турски државјанин баран за убиство во Македонија уапсен на граничен премин во Албанија

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-librarymq4e4hct6a5nf4hS35g

(Видео) Откриен и санкциониран скопјанецот кој со камион истураше градежен шут на зелена површина

Македонија | пред 16 часа

media-libraryv5rp0p9i7q99amaitxz

Дрога, дигитални ваги и пари пронајдени при претрес во дом во Велес

Македонија | пред 17 часа

media-librarymoi56gags4e9fDeie1C

Двајца дрвокрадци приведени во прилепско и крушевско, одземени нежигосани дрва

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања