Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Десет возачи уапсени за безобѕирно управување, осум возеле без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 минути -

Македонија
media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Десет лица биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради сомнение за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за шест лица од Скопје, на возраст од 18 до 40 години, како и по едно лице од Кичево и Прилеп, на возраст од 61, односно 36 години.

— реклама —

Останатите двајца, 27-годишната Е.Д. и Б.Е., исто така на 27-годишна возраст, и двајцата од Скопје, управувале возило и покрај активната забрана.

— реклама —

Против лицата, по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од МВР апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана или под дејство на алкохол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryke6akhmugg4sd9syNXi

Со автомобил удрил во бетонска ограда во Скопје, тешко повредени две лица

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library6mqc0onrapse9uiSmlP

70-годишен велосипедист тешко повреден во судир со автомобил во Скопје

Македонија | пред 1 час

media-libraryhauailip3tq1dUUbmca

19-годишник со автомобил удрил во „голф“, го превртел покрај патот и продолжил да вози

Македонија | пред 1 час

media-library31pt8tf0v4hv5cUJXLE

Мотоциклист тешко повреден во судир со „бмв“ на крстосница во Скопје

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања