Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Десетгодишно девојче се удави во река во велешка Бањица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
devojce

Десетгодишно девојче, кое вчера околу 9 часот исчезна од село Бањица, Општина Чашка, утрово е пронајдено мртво во матните води на реката Мала Речица под селото Бањица. Станува збор за десетгодишната Ешуриме од село Бањица која вчера исчезна, а што било пријавено и во СВР Велес, потврди за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.

Исчезнатото девојче вчера цел ден напорно го барале во водите на надојдената река шестмина припадници на тимот за поплави при Дирекцијата за заштита и спасување од Велес предводени од спасителот Ангел Пановски,кој информира за МИА.

Тој додаде дека на копно го барале припадници на СВР Велес и екипа од Територијалната противпожарна единица Велес.

— реклама —

Инаку утрово девојчето го нашле селаните од селото Бањица.

— реклама —

За пронаоѓањето на телото на девојчето во водите на реката Мала Речица, а по вчерашното целодневно напорно пребарување, потврди градоначалникот Горан Стојановски.

Тој тажната вест утрово ја објави на својот ФБ профил.

— реклама —

-Голема загуба за граѓаните на општина Чашка, училиштето „Тодор Јанев“ во населба Чашка, семејството Беќирови и сите нас. Сочувство до семејството,напиша градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, на „Фејсбук“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања