Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zaev-odgovornost

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека околу десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави дека ќе се избира најдоброто можно решение.

— реклама —

По имињата кои се појавија во јавноста, како актуелните министри и функционери, Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Стево Пендаровски, Заев не посочи за кого станува збор, само дека се анализираат имиња меѓу кои има претставници од сите етнички заедници.

— реклама —

„Мислам дека нема партија од поголемите којашто не прави анализи и рејтинзи во моментов. Зошто? Затоа што секој сака да победи, секој сака да застане зад вистински кандидат. Секој сака на граѓаните да им го понуди најдоброто што постои. Да и ние правиме истражувања во овој момент по разни основи за да можеме секако да донесеме најпаметни одлуки“, рече Заев.

— реклама —

Тој најави дека СДСМ в петок ќе има средба на Централниот одбор на која ќе се разговара и за претседателските избори. Но, не прецизираше кога точно ќе биде познато името на нивниот кандидат.

— реклама —

Инаку претседателските избори треба да се распишат на 8 февруари, за да се одржат на 21 април. Евентуалните парламентарни избори би се одржале на 5 мај, заедно со вториот круг, а би се распишале во првата половина на март,со скратени рокови за изборните дејствија и за Пржинската Влада.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања